Уред за чистење на иноксни заварени споеви и маркирање на нерѓосувачки челик - Metox 500

Уред за чистење на иноксни заварени споеви и маркирање на нерѓосувачки челик - Metox 500

55.800 ден.
Шифра на производ: акем-001
Достапност (кол. на залиха): На залиха
Количина:

 Metox 500 е уред за чистење нерѓосувачки челик, што користи интеракција помеѓу наизменична електрична струја и спроводлива течност за отстранување на трагите од заварување од нерѓосувачки челик. Со посебен додаток има можност за маркирање на нерѓосувачкиот челик - брендирање во вид на хемиска третирана површина - потпис/графика.

Метокс 500 содржи јаглеродна четка и држач за четка со кои се аплицира на местото на заварување откако четката ќе се навлажни со спроводлива течност. Овој уникатен систем за чистење е брз, ја елиминира потребата за паста или абразиви и обезбедува врвна завршница.

Metox 500 е лесен и пренослив и работи на напојување од 220 волти наизменична струја.

Техничка спецификација :

- Работна температура: од +5 до +40C .

- Работен напон: ~ 220 Волти

- Работна фрекфенција: 50 Hz (60Hz) .

- Излезен напон: 14 Волти , 30 Ампери (14V / 30 A)

- Заштита: осигурувач 6А.

Во цената покрај уредот е вклучено:

- Кабел за четка 1.5 метар - 1 парче

- Кабел за заземјување 1.5 метар - 1 парче

- Четка од јаглеродни влакна - 3 парчиња

- Раствор за третирање на заварени споеви 1кг - 1 парче

- Раствор за маркирање на иноксна површина 1кг – 1 парче

- Јаглеродна сонда за маркирање – 1 парче

- Перниче за заштита на јаглеродна сонда (при работа) – 1 парче

- О-прстен за стегање – 2 парчиња

- Заштитна маска - 1 парче

- Заштитни ракавици - 1 пар

- Заштитни очила - 1 парче

- Транспортна кутија

КУПИ @ ИНОТЕК.МК © 2022. UKION SHOPS