Како да нарачам од вашиот сајт ?

Почитуван купувачу,

доколку веќе имаш купувано од други интернет продавници, се' надеваме дека процесот и чекорите ти се познати.

За жал, сеуште има корисници кои не се информирани и купувањето преку интернет им претставува голем проблем.

Во овој текст ќе се потрудиме на што пократок начин ви го објасниме процесот на купување на нашата интернет продавница.

ЧЕКОРИ:

1. Пријавете се со веќе постоечкиот кориснички профил или креирајте нов.

2. Одберете ги бараните производи, одберете количина и ставете ги во вашата кошничка.

3. Прегледајте ја кошничката и одберете

     4. Уредување на листата на производи или

     5. Плаќање на нарачката со веќе внесените податоци

6. Потврдете ја адресата за испорака нарачката

7. Одберете начин на испорака:  подигнување од нашата продавница или достава до врата. Цената на достава до врата зависи од тежината на самиот производ.

8. Одберете начин на плаќање: со кредитна-дебитна картичка или преку налог-уплатница во банка со генерирана фактура од наша страна.

9. Финална потврда на нарачката. Доколку сте одбрале плаќање со кредитна-дебитна картичка, автоматски ќе бидете префрлени кон сигурносниот систем за плаќање на нашата банка. Доколку сте одбрале плаќање преку уплатница во банка, ќе ви биде изгенерирана фактура за нарачаната роба.

10. Очекувајте во рок од 48 часа по извршената уплата достава на производот до врата, или истиот да го подигнете во нашата продавница.

Напомена: Нарачката ако не е платена, се чува 7 дена во вашео порт-фолио. Доколку истата по истекот на седмиот ден не се реализира т.е. плати, истата се брише од системот.

КУПИ @ ИНОТЕК.МК © 2021. UKION SHOPS